Дестилерија Китвин

ПРОИЗВОДСТВО НА РАКИЈА

Лоцирана во срцето на Тиквешијата, дестилерија Китвин е формирана за да ги задоволи сетилата на сите сладокусци, кои сакаат да уживаат во автентичен и квалитетен пијалак. Нашата приказна започнува како плод на знаењата и амбициите на семејство кое сака да го афирмира својот роден крај како топло виногорје. Токму затоа создадовме ракија од плодовите на најсочните лозови насади во Тиквешкиот вински регион.

20 ХЕКТАРИ СОПСТВЕН ЛОЗОВ НАСАД

Првите лози се засадени во 2000-та година и се лоцирани во с.Возарци, во непосредна близина на градот Кавадарци. Лозовите насади се простираат на надморска височина од 300 метри и истите се засадени со густина од 4,300 садници по хектар. На плантажите на Китвин се одгледуваат најразлични сорти на грозје, меѓу кои: Совињон Бланк, Ризлинг, Темјаника, Шардоне, Вранец, Мерло, Пино Ноар и Каберне Совињон. 

Златко Китев

Основач

Огромната посветеност во одгледувањето на виновата лоза, постојаните инвестиции во најсовремената технологија како и искористувањето на знаењето и долгогодишното искуство, силно говорат за уникатноста и извонредноста на нашиот производ. 

destilerija kitvin kavadarci (2)

Китвин се стреми да ги "зачини" собиранките, но и прославите на своите потенцијални потрошувачи со својот производ Кавадион. Ракијата која што е симболично наречена по името Кавадион, како што низ историјата бил познат градот Кавадарци, несомнено е производ кој треба да се најде на семејните трпези.

0
    0
    Нарачка
    Вашата кошничка е празна